Вчера доби отказ, денес си најде нова работа

Селекторот на Исланд, Гудмундур Гудмунсон пред еден ден доби отказ од Мелсунген поради лошите почетни резултати во Бундес лигата. Сепак, искусниот стратег на Исланд со своето реноме беше посакуван во голем број европски клубови.

Данскиот тим Фредериција, објави дека е потпишан договор со Гудмундур Гудмунсон, но тренерот од Исланд ќе седне на тренерската позиција дури од следната сезона.

Исланѓанецот и Фредериција се договориле за тригодишна соработка. Гудмундсон во текот на неговата кариера беше дел од данската лига, но и од машката репрезентација на Данска.

Од 2009 до 2010 година го предводеше составот на ГОГ, додека од 2014 до 2017, Гудмундсон беше селектор на данската репрезентација која во 2016 година го освои златниот медал на Олимписките игри во Бразил.

Актуелниот тренер на клубот, Јеспер Хумарк, ќе ја напушти тренерската позиција по шест години. Раководството на клубот одлучи тој да остане во стручниот штаб, најверојатно како помошен тренер од следната сезона.