Вујо сам признал – еднаш загубил од жена!

Билјана Црвенкоска во сезоната 2018/2019 кога беше помошник тренер на Роберто Парондо во РК Вардар со многу работи можеше да се пофали дека испиша историја. Таа сезона ќе добие шанса и самостојно да го води Вардар, на пријателски меч со Железничар и на официјален натпревар со Мешков Брест во Регионалната лига.

„На подготовките на полусезона, јануари, кога Роберто му беше помошник на Раул во националниот тим добив конкретен план, што и како треба да се работи тие две-три недели меѓу кои имаше и пријателски натпревари. Закажав контролен меч со Железничар во Скопје, кога Веселин Вујовиќ беше тренер. Тоа беше голем предизвик за мене, во тимот ги имав Скубе, Чупиќ, Дисингер, Кристопанс, Милосављев, Калифа… и не беше лесно и едноставно да застанам над нив или да се поставам како авторитет. Тоа беше многу чудно, се плашев во секој момент да не кажам нешто погрешно. Тие се играчи со квалитет и искуство, но добив голема поддршка од нив. Дојде Вујо, натпреварот почна одлично, ние победивме и напишав уште една историја – прва жена која го победи Вујо. (се смее) Тоа тој сам го призна по натпреварот.“

Во продолжение прочитајте го викенд интервјуто со Црвенкоска…

ИНТЕРВЈУ БИЛЈАНА ЦРВЕНКОСКА: Велам ДА на секој предизвик и тоа ме донесе до А-тимот