Вујо и Лино се искараа поради него, а тој не мисли да се пензионира (ФОТО)

Ветеранот од Србија, Тихомир Додер во престојната сезона ќе настапува во шампионатот на Србија и ќе го носи дресот на Југовиќ.

Ракометарот кој има 41 година, после интернационалната кариера во Израел и Шпанија реши да се врати во својот матичен клуб.

Ракометарот од Србија во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар и Металург. Во редовите на Вардар мина шест години и во „црвено-црниот“ тим беше до 2012 година, пред да се пресели во Металург.

Неговиот трансфер од Вардар во Металург беше причина за големи расправии на тогашните тренери, Веселин Вујовиќ и Лино Червар.

Причината за конфликтот на двајцата прославени тренери од скопските екипи беше тоа што за време на сезоната Металург го договори трансферот, па откако се дозна за ова Вујовиќ беше лут и се обидуваше да ги расчисти сметките со Лино Червар после тренинг во салата „Борис Трајковски“ пред пресметката во СЕХА лигата.

Неговиот нов клуб, Југовиќ планира целосна реконструкција за новата сезона, а пред извесен период клубот донесе и неколку квалитетни засилувања.