Вујовиќ полуде: По 40 години во ракометот, изгледа се уште не ги научив правилата…

По минималниот и болен пораз од бундеслигашот Фленсбург со 25-26 во 11 коло од групната фаза на Лигата на шампиноните, хрватскиот Загреб нема шанси за место во осминафиналето.

Тренерот на „плинарите“ Веселин Вујовиќ полуде по наптреварот и на прес-конференцијата ги нападна исландските судии кои ја делеа правдата.

„По 40 години во ракометот, очигледно дека јас и натаму не ги знам правилата како господата од Исланд, но се надевам дека некој одговорен од ЕХФ ќе знае тоа да го процени. Сакам да ми објаснат како во последните 30 секунди досудија седмерец на половина терен, а не го стопираат времето во последните десетина секунди. Баш дрско од нивна страна. Сакам да ми објаснат зошто го направија тоа, а не после да се зборува како Вујовиќ се однесувал на теренот“, изјави Вујовиќ.

По овој пораз на домашен терен на хрватскиот првак, словенечкиот Целје останува со најголеми шанси да мине во осминафиналето, додека Загреб и Елверум ќе ги завршат настапите во ЛШ уште по групната фаза.