Вујовиќ: Знаев дека ЕХФ ќе направи некоја глупост, од нив секогаш може да се очекува и неочекуваното!

Европската ракометна федерација денеска донесе одлука да ги откаже сите клупски и репрезентативни натпревари што требаше да се одиграат во претстојните три месеци.

Го одложи само завршниот турнир во машката Лига на шампиони, а таму ќе играат најдобрите четири екипи од групната фаза – Кил, ПСЖ, Веспрем и Барселона. Вардар е елиминиран, а исто така и машката репрезентација нема да игра на Мундијалот во Египет.

Тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ, уште претходно изјави дека очекува глупава одлука од ЕХФ и се покажа како добар прогнозер.

„Историјата покажува дека речиси никогаш досега најдобрите четири екипи од групната фаза не стигнале до завршниот турнир или пак до титулата во ЛШ, секогаш имало изненадување на овие натпревари. Некои екипи знаеја да дојдат слабо подготвени или со многу повредени играчи во завршницата и испаѓале, како лани ПСЖ. За мене ова е апсурдна одлука, особено бидејќи во овој период до почетокот на Ф4 многу играчи ќе ги променат клубовите. Сагосен првото место во групата го освои со ПСЖ, а на турнирот ќе игра за Кил, тоа нема никаква допирна точка со здравиот разум. Ако одлуката е таква, тогаш некга го отворат пазарот, па играчите да можат да циркулираат во текот на цела година. Нека направат нешто за доброто на ракометот, ова сега е пикнато во термин, кој на никому не му одговара. Ова е направено со декрет, без право некој да се пожали или да докажува нешто. Од ЕХФ секогаш може да се очекува нешто неочекувано“, изјави Вујовиќ за хрватскиот „Индекс“.