Вујовиќ во свој стил: Нема калкулации во Загреб, ќе играме на победа и во реваншот

Екипата на Вардар утре од 20 часот го игра реваншот од четврт-финалето во СЕХА лигата, а противник е тимот на ППД Загреб. На овој дуел ракометарите на Вардар ќе имаат предност од четири гола од првата средба (24:20), но тренерот Веселин Вујовиќ е внимателен и вели дека ќе мора да се игра како да се работи за прв дуел.

„Сигурно не очекува тежок натпревар. Сметам дека ќе мора да одиграме многу добро, но ако одиме да браниме четири ралик нема да поминеме. Мора да играме за да победиме. Во таква ситуација дури и ако не одиграме добро може да загубиме со еден гол до два разлика или да одиграме нерешено. Доколку калкулираме со семафорот и со резултатот нема да плминеме. Од почетокотќе играме натпреварувачки и сериозен натпревар“, изјави Вујовиќ пред заминувањето.

Домашните ќе имаат мотив плус бидејќи ќе треба да се изборат Хрватска да има претставник на завршниот турнир бидејќи ако загубат ќе биде турнир на кој ќе има четири екипи од други земји.

„Загреб не го организира залудно овој СЕХА Ф4 турнир во Задар за да испадне и ниту еден хрватски тим да не оди таму. Имаат свои причини. СЕХА натпреварувањето е такво што сите имаат свои шанси а да дојдт до тоа. Сакам Вардар да остане тој кој од формирањето на СЕХА лигата е на Ф4 турнирите“.

Се очекува неколку фактори да влијаат на овој дуел, но останува да се види кои ќе имаат пресудно значење на теренот.

„Има многу критеруми. Како ќе се отвори натпрефварот, како ќе биде судењето. И Вардар и Загреб покажаа дека играат сериозен физички ракомет со многу контакти. Колку судиите ќе толерираат и колку публиката ќе влијае на тоа се фактори на кои мора да се даде внимание. Факторот среќа е секогаш присутен, но не можеш да сметаш никогаш на него. Шансите се повеќе на наша страна бидејќи четири гола се наша предност. Се надевам дека ќе постигнеме и повеќе од 21 гол што ќе значи дека ќе мора да не победат со пет разлика, а утре навечер ќе се види сè“.

Што се однесува до тоа што на трибините ќе има публика, Вујовиќ со интересно размислување.

„Мислам дека тоа што ќе играме пред публика е во наша корист“, коментираше Вујовиќ.

Средбата се игра од 20 часот, а со нејзиното одигрување ќе биде комплетиран списокот на учесници на Ф4 турнирот каде што веќе свое место имаат составите на Веспрем, Мешков Брест и Мотор Запорожје. Победникот од дуелот меѓу Вардар и ППД Загреб во полуфиналет во петок ќе игра против претставникот на Белорусија, Мешков Брест.