Вујин: Кога е најпотребно, ќе играме најдобро

Ракометарите на Вардар ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната во која ги очекуваат многу натпревари во СЕХА, Лига на шампиони и домашното првенство.

Десниот бек Марко Вујин очекува подобри изданија на Вардар напролет и вели дека кога ќе биде најпотребно, тогаш ќе играат најдобро.

„Првиот дел од сезоната мина како што мина. Не бевме задоволни од бројот на натпревари кои ги одигрвме. Ни се случи два-три пати конечно да влеземе во форма, ама проблемите со кораната нè исфрлија од колосек. Почнувавме подготовки од нула, а тоа не е лесно ако очекуваш добри резултати. Сега мора да направиме вистински подготовки во текот на јануари. Многумина имавме корона и симтоми, тоа е сега зад нас. Мора сериозно да се спремиме, пред нас е пеколен февруари. Имаме доста многу важни натпревари. Научив од претходните клубови дека вистинските предизвици се во вториот дел од сезоната. Тогаш се игра за титули и се освојувааат. Многу примери има во спортот кога екипи играле одлично во првиот дел, а потоа потфрлиле во вториот дел од сезоната. Но има и такви кои кога е најпотребно играат најдобро и ние се спремаме за тоа“, изјави Вујин.

Вардарци стартуваат со натпревар против Војводина на 28 јануари во рамките на СЕХА, а потоа ги чекаат сите заостанати дуели од ЛШ во февруари.