Втора тура шопинг во Кавадарци: Вардар Неготино се засили со Грозданов и Минов

Тимот на Вардар Неготино донесе уште две засилувања во битката за Суперлигата пред стартот на новата сезона.

Станува збор за досегашните ракометари на новиот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци, средниот бек Илија Грозданов и десниот бек Димче Минов.

Грозданов е искусен ракометар, кој своевремено беше дел од Пролет и од Драчево, а во последните неколку сезони играше во родното Кавадарци.

Минов потекнува од Борец Велес, беше меѓу најдобрите стрелци на оваа екипа кога играше таму, а последната сезона ја мина во Тиквеш.

Претходно неготинци ги донесе Лазар Стојанов од Борец и Петре Пеовски од Тиквеш, а ги продолжи договорите со Вељанов, Кузманов и кадетскиот репрезентативец Ташев.