ВРЕМЕПЛОВ: Целиот град ги дочека како херои, а тие го скршија пехарот во дискотека

Пред 20 години ракометарите на Метковиќ Јамбо го освоија Купот на ЕХФ откако по двата финални натпревари беа подобри од германскиот Фленсбург. Дочекот на ракометарите после овој историски успех сè уште се прераскажува низ Хрватска.

Вложувањето во клубот им се исплатеше на луѓето од клубот таа сезона. Од таа генерација важна улога подоцна во репрезентацијата на Хрватска одиграа Драган и Горан Јерковиќ, Никша Калеб, Давор Доминиковиќ и Перо Метличиќ. Дел од овој тим беа и поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван и Славко Голужа. Голужа се присетува за пречекот кој го доживеале по освојувањето на ЕХФ купот.

„Кога прстигнавме во Сплит владееше огромна гужва. Моравме да излеземе од автобусот бидејќи не можевме да продолжиме понатаму. Тие денови сите сакаа да не видат во Далмација, од помалите места па се до Сплит. Два дена после враќањето од Фленсбург бевме гости на фудбалското дерби помеѓу Хајдук и Динамо, а и денес се памети како не пречека навивачката група „Торцида“, раскажа Голужа за vecernji.hr.

Јунак на вкупната победа на Метковиќ беше Драган Јерковиќ, кој ги одбрани последните два шута. Метковиќ загуби во Фленсбург со 25:23, но со оглед на победата на домашен терен од 24:22 поради повеќе голови на гостински терен стигна до пехарот. Во прославата во една дискотека ракометарите на Метковиќ го оштетија пехарот освоен во ЕХФ купот, но и покрај тоа останува забележано во хрватската ракометна историја, дека и друг клуб освен Загреб, освоил европски трофеј.