ВРЕМЕПЛОВ: Поглед во минатото на Светските првенства, кои репрезентации освојуваа медали

Претстојното Светско првенство во Египет 2021 ќе биде 27. издание на кое ќе се соберат најдобрите репрезентации од светот, со што ќе се одбележат над 80 години од првиот Мундијал во 1938 година. Од 1993 година Светските првенства се одржуваат на две години, но во минатото не било така. Љубителите на ракомет имале помалку можност да уживаат во големите натпреварување за разлика од сега. Во периодот од 1954 до 1967 се одржале пет првенства, а потоа Муднијалот се одржувал на четири години се до промените во 1993 година.

До сега дванаесет репрезентации го подигнале пехарот кој е наменет за светскиот шампион, меѓу нив има и земји кои веќе не постојат. Водечка земја по освоени трофеи е Франција со шести титули светски првак, а вкупно 11 медали. Зад нив е Шведска со ист број на вкупно медали, но од нив четири се златни, три сребрени и четири бронзени. На третото место на вечната ранг-листа е Романија која има исто толку трофеи како Шведска и уште две трети места.

Сите овие репрезентации имале свои периоди во историјата во кои биле доминантни. Првото Светско првенство го освои Германија, а учестувале само четири репрезетнации, Германија, Австрија, Шведска и Данска. Следните две првенства ги освоила Шведска во 1954 и 1958. Потоа следува педиод во кој доминира Романија и освојува четири титули од 1961 до 1974 година. Во овој период единствено Мундијалот во 1967 година го освоила Чехословачка. Финале со најмалку голови на првенствата е во 1961 кога Романија ја совладала Чехословачка со 9:8 после две продолженија. Колку невообичаен резултат е ова покажува тоа што во дуелот за третото место на истото првенство Шведска го освоила бронзениот медал против Германија со победа од 17:14 во регуларното време.

Шведска има фантастичен период од 1986 до 2001 година кога на сите светски првенства се пласира најмалку во полуфиналето, а титулата ја освојува во 1990 и 1999 година. Во истиот овој период Франција се појавува како врвна репрезентација, откако стигнаа во финалето во 1993 година Французите најчесто се меѓу најдобрите на првенствата. Првиот трофеј светски шампиони го освоија во Исланд на првенството во 1995 година кога ја победија Хрватска во финалето. Следно првенство на кое Франција го освои златниот медал беше во 2001 година кога започна доминацијата и освојување на четири светски првенства од наредните пет. Единствено Шпанија во 2013 година усепа да ги спречи Французите да имаат тотална доминација.

Освен Шпанија, Шведска, Романија и Франција репрезентации кои го освоиле светското првенство повеќе од еднаш се Германија и Русија. Овие две земји имаат титули под друго име во минатото но ИХФ ги смета како нивни резултати. Западна Германија беше шампион во 1978 година, а втората титула е во 2007 година на домашен терен. Русија го подигна трофејот во 1993 година, а претходно како Советски Сојуз беше светски шампион во 1982 година.

Светски шампиони по еднаш во својата историја биле Чехословачка во 1967, Југославија во 1986,  Хрватска во 2003 и Данска во 2019 година што беше последно првенство и ќе го бранат пехарот во Египет. Ниту една репрезентација нема учестувано на сите досегашни првенства. Најмногу има Германија со 25 настапи, следуваат Шведска со 24, Данска со 23, Франција со 22 потоа следат Унгарија, Шпанија и Исланд со по 20 учества. Неевропски репрезентации со најмногу учества се Египет со 15 и Алжир, Тунис, Јапонија и Бразил со по 14 настапи.

На идивидуален план ракометар со најмногу медали од светските првенства е Тиери Омејер кој има пет златни, а исто така има и два бронзени медали во текот на неговата репрезентативна кариера која траеше скоро две децении. Следуваат уште четири Французи кои имаат најмногу медали, Жером Фернандез, Мишел Гигу, Никола Каабатиќ и Даниел Нарцис со по четири златни и два бронзени медали. Најблску до нив е Романецот, Корнел Отелеа со три златни медали.

Репрезентациите ќе можат да ја поправат статистиката на претстојното првенство кое ќе се одржи во Египет од 13 до 31 јануари на кое за прв пат ќе учествуваат 32 репрезентации.