Во Штип паднаа 70 погодоци, Текстилец рутински против Партизан

Тимот на Текстилец од Штип на свој терен славеше убедлива победа против Партизан Гевгелија со 42:28 (14:10) во натпревар од 6. коло од прволигашкиот плеј-аут.

Победникот во ниту еден дел од дуелот не беше доведен во прашање, бидејќи домаќинот уште на стартот даде до знаење дека бодовите ќе останат дома.

Најефикасни во победничката екипа со по осум погодоци беа Иван Димчевски и Филип Џинес, додека по пет реализации имаа Александар Јовановски, Васе Петров, Никола Јованов и Стојанче Ристов.

Кај клубот од Гевгелија најефикасен беше Димитар Минов, запиша девет погодоци. Горан Лисичков со шест погодоци беше втор стрелец во поразениот табор.

Текстилец во следното коло ќе гостува во Велес кај Борец и ќе се обиде да влезе во победничка серија.

Следен предизвик за Партизан Гевгелија ќе биде дуелот со Јехона од Гостивар.