Во Шпанија ќе се игра пред навивачи

Во Шпанија завршницата од Купот на Кралот ќе се игра со публика. Организаторот дозволи на  натпревари да присуствуваат до 1500 навивачи.

Домаќин ќе биде градот Мадрид, а натпреварите ќе се играат во спортската сала „Визник“.

Завршниот турнир во Купот ќе биде првиот спортски настан со публика по состојбата со ковид пандемијата. Некои натпревари од другите спортови се играа со публика, но со мал број на гледачи.

Билетите се веќе пуштени во продажба, а организаторите очекуваат солидна посетеност.