Во Шпанија ќе се игра по македонски модел

Новата сезона во шпанскиот ракомет ќе донесе и нов систем на натпреварувањето ако предлогот биде прифатен.

Асобал ќе добие уште два клуба и ќе има вкупно 18, па би можела да се игра на два начина – или двокружен систем со 34 кола, или во две групи по 9 тима, па плеј-оф и плеј-аут.

Таков ќе биде случајот и во нашата Суперлига, каде што ќе има две групи по 7 екипи, па разигрување за титула и за опстанок.

Во Шпанија би требало 8 екипи да разигруваат за титулата, па покрај 16 кола од првата фаза, би имале уште 14 во плеј-оф, а оние од плеј-аут би имале уште 18 дополнителни меча.