„Во Скопје ќе не навредуваат, ќе викаат, ќе свират на нашата химна…но спремни сме“

Репрезентацијата на Македонија утре ќе се сретне со репрезентацијата на Чешка во баражот за Светското првенство. Македонија од Злин врати реми иако можевме и да победиме во тој натпревар ако се земе во предвид дека водевме со седум разлика. Во селекцијата на Чешка ни гостуваат со оптимизам, а во таква насока е изјавата на поранешниот голман на оваа репрезентација Мартин Галија.

Поранешниот голман денес има улога во стручниот штаб на репрезентација, а пред овој натпревар за порталот „iSport.ch“ посебно истакна дека неговата репрезентација ја чека жестока атмосфера.

„Салата во Скопје е распродадена и таму ќе дочекаме атмосфера на омраза. Ќе не навредуваат, ќе викаат, ќе свират на нашата химна…Но ние добро знаеме што не чека и сме спремни, момците ги подготвуваме на секој тренинг“.

Галија дел од својата кариера помина и на Балканот, па сигурно дека може да ги советува помладите.

„Мораме од почетокот максимално да влеземе во натпреварот и да бидеме фокусирани, не смееме да им дозволиме тие да играат. Што се однесува до мене повеќе би сакал да бидам на теренот, како голман сигурно дека можеш многу повеќе да влијаеш на резултатот“, изјави Галија.

Македонија и Чешка реваншот го играат денес во терминот од 19:00 часот.