Во Русија се воведуват суспензии за „непослушните“ репрезентативци

Руската ракометна федерација донесе сет мерки со кои ќе се обиде да ги натера сите повикани играчи да се јавуваат на повикот за националниот тим, без оглед дали се работи за тренинзи, собири, пријателски или официјални натпревари, пишува ТАСС.

Еден пропуштен ден е еднакво на еден натпревар суспензија од руската Суперлига, бидејќи се работи за репрезентативен собир само на ракометари што играат во домашното првенство.

На последниот собир на националниот тим во Звенигород, играчите на Чеховски Медведи под притисок на клубот не се појавија на тренинзи, па ФГР ќе ги казни. Ако собирот трае седум дена, ракометарите што не се појавија на подготовки, ќе добијат суспензии од седум меча.

Селекторот Велимир Петковиќ за овој собир не ги повика интернационалците, а ќе ги тестира квалитети на младите ракометари кои се наоѓаат на неговиот поширок список.

Русија ќе ги пропушти следните големи настани, СП 2023 и ЕП 2024, но Петковиќ останува на клупата и ќе го одработи договорот. Следен предизвик за Русија ќе бидат пријателските средби со Кина во декември.