„Во Русија секој натпревар се игра на нож, има многу набој на натпреварите“

Екипата на Подравка од наредната сезона ќе има различен изглед со оглед на тоа што тимот досега го напуштија шест ракометарки. Заминаа македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска, Тјаша Станко, Јована Рисовиќ, Мариа Андреа Јанаси, Анета Бенко и Ана Дебелиќ.

На останатите ракометарки во клубот договорено е да им бидат намалени платите. Ракометарката која се сели во Русија, во Астраханочка, Ана Дебелиќ за хрватскиот портал „Подравски“ зборуваше за причините за нејзиното заминување.

„Ми беше чест да играм за Подравка, но не ја отфрлам можноста еден ден да се вратам повторно. Сакав да пробам на направам чекор напред во друга лига. Во Русија секој натпревар е „на нож“, со многу повеќе набој. Нема да играм во Лигата на шампионите, но тука е ЕХФ купот. Со Подравка се разделив со пријателски однос, најдовме компромис. Ми беше убаво изминативе четири години во Копривница и научив многу работи кои ми беа корисни и како играч и како човек“, рече Дебелиќ.

Ракометарките на Подравка кои остнаа во клубот сè уште тренираат иако сезоната е завршена. Тие можат да бидат разочарани бидејќи останаа без трофеј, а беа во игра за три.