Во продажба билетите за Ф4: Гледајте ги најдобрите екипи во СЕХА за 8 евра!

Медиа тимот на СЕХА лигата вчера ги пушти во продажба влезниците за завршниот турнир кој ќе се одржи во хрватскиот Задар.

Овој град и салата „Крешимир Ќосиќ“ ќе бидат домаќини на најдобрите четири екипи во регионот од 3 до 5 април.

Организаторот во соработка со СЕХА ги пушти пакет билетите за Ф4 турнирот по цени од 8 до 13 евра. Истоте можат да се купат online на Ulaznice.hr.

Ваквата продажба за пакет билети ќе биде активна до 16 март, а потоа ќе има во продажба и поединични билети за сите натпревари.