„Во Македонија добивме ‘поткуп’ – осум големи тегли џем“

Поранешниот судија, а денеска делегат на ЕХФ и ИХФ, Виктор Поладенко во интервју за handballfast.com се присети на натпреварот кој го судел во Битола помеѓу Македонија и Украина и сподели интересни детали.

Исто така тој раскажа уште една интересна приказна за подарокот кој го добиле во Македонија и неможноста да го транспортираат до дома. Како што вели тој „митото“ е прилично сомнително.

„Емоциите се во полн ек за време на натпреварот, а потоа по правило брзо стивнуваат. Понекогаш за да се намали стресот мораше брзо да се дејствува. На почетоците на кариерата го судевме дуeлот на Македонија и Украина во Битола. Навивачите брзо се налутија и почнаа да фрлаат монети. Не знам од која причина на монетите имаше гума за џвакање и после секоја свирка веднаш летаа на паркетот. Потоа почнав со ногата да си ги собирам на едно место монетите, како моја „премија“, но навивачите брзо ја сфатија шегата и почнаа да аплаудираат“, раскажа поранешниот судија.

За подароците кои ги добивал како гостопримство од домаќините, Поладенко особено истакна дека бил невообичаен подарокот во Македонија кога добиле џем.

„Најчесто имаше шише вино за подарок или пакување сирење, тоа беше максимумот. Сепак имаше и други случаи, во Макеоднија на крајот од натпреварот добивме подарок – џем. Двајцата добивме по осум тегли. Кога летавме од Скопје за Москава преку Виена не ги стакувавме во куферот, а во рачниот багаж не можевме да ги носиме. Стоевме на аеродромот пред регистрацијата и си мислевме, што е ова – дали е поткуп и второ, што да правiмe со овој џем“, се присети Поладенко.