Во Задар ќе има – 100 отсто дезинфекција (ФОТО/ВИДЕО)

Пандемијата на коронавирусот сè уште не е завршена, а веќе започнаа да се играат натпревари ширум Европа. Викендов се игра завршниот турнир во СЕХА лигата во Задар, а Хрватите го организираат на највисоко ниво со сите безбедносни мерки.

Освен почитувањето на сите протоколои од хратското министерство за задравство пред влезовите во салата каде што ќе се играат натпреварите се поставени кабини за дезинфикација кои треба да придонесат за поголема безбедност на сите. Овие кабини обезбедуваат сто проценти дезинфекција.

На овој начин сите учесници на фајал-форот во СЕХА лигата во Задар ќе останат сигурни и здрави. Во продолжение погледнете ги фотографиите и видеото од поставувањето на кабините.