Во Задар промовиран новиот пехар за шампионот на СЕХА (ФОТО)

На денешната прес-конфренција во Задар стана јасно дека тимот кој ќе дојде до победа во СЕХА лигата ќе добие нов пехар.

Дојде до нов дизајн на трофејот, па клубот кој в недела ќе се искачи највисоко на тронот ќе има можност да го однесе во своите витрини.

Како изгледа новиот пехар може да се види подолу на фотографијата.

Дали Вардар ќе ја одбрани круната и ќе го донесе трофејот во Скопје или можеби некој друг тим ќе го наследи и ќе има можност да се врати со пехарот ќе се знае в недела.