„Во Германија никој не ме познава и не знае кој сум“

Репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел имаше победнички старт во Бундеслигата, откако неговиот нов тим Фуксе Берлин триумфираше над незгодниот состав на Гепинген, со резултат 34:27 (17:13).

Гидсел за првпат во својата кариера игра надвор од својата татковина. Во интервју за данската телевизија „Спорт ТВ2“, истакна дека се чувствува многу пријатно во Германија каде што низ улиците во Берлин никој не го познава и не му бара автограм или слика, а тамошните медиуми тешко доаѓаат до контакт со него.

,,Никој во Берлин не ме познава и не знае кој сум. Јасно е дека ракометот не е многу популарен спорт во голем град како Берлин, и мислам дека тоа е навистина супер. Многу добро се опуштам овде. Така, бегството од Данска ми донесе одреден профит. На почетокот се плашев дека ќе бидам малку осамен во Германија, Јас сум многу социјален човек. Навистина се опуштам овде, а Берлин е фантастичен град”, изјави Гидсел.

 

 

 

За потсетување, младиот ракометар, кој има само 23 години, по освојувањето на шампионската титула со репрезентацијата на Данска на Светското првенство во Египет (2021) предизвика голем интерес за дотогаш непознатото име во светскиот ракомет.

После првенството Гидел го препознаваа на улица, а постојано беше баран од медиумите. Сето тоа донесе психички потешкотии за младиот Данец. Затоа два месеци после освојувањето на златниот медал, Гидсел одлучи да побара помош од спортски психолог.