Во Битола ќе гостуваат Веспрем и Мешков, Вардар против Мотор и Татран

Стартот на новата сезона во регионалната СЕХА Лига е закажан на 10 и 11 октомври, а оваа сезона ќе има две екипи помалку во однос на претходната.

Нема да играат руската ЦСКА Москва и Пекинг Универзитет, кинескиот тим со седиште во Загреб, чие учество е „замрзнато“ и веројатно ќе можат да се вратат следната сезона.

Вардарци се најдоа во понеатрактивната група и во Скопје ќе гостува само еден учесник од Лигата на шампионите – Мотор Запорожје.

Еурофарм Пелистер, пак, слично како и лани, ќе биде во група со Веспрем, Загреб, Мешков и Металопластика, а унгарскиот гигант сигурно ќе бара одмазда за ланскиот пораз.

Распоредот на натпреварите ќе биде дополнително познат.

Група А: Вардар, Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје, Нексе Нашице
Група Б: Еурофарм Пелистер, Веспрем, Загреб, Мешков Брест, Металопластика

СЕХА лига почнува на 10 октомври со десет екипи, Вардар и Еурофарм Пелистер ги дознаа ривалите!