Во Битола паднаа 83 гола, а Чаир се враќа со три бода за Скопје

Чаир во првото коло од Женската лига славеше голема победа против новиот суперлигаш, Феникс со 47:36. Во натпревар со многу голови и голем број на технички грешки, составот на Чаир ја оправда фаворитската улога.

Гостинскиот тим од Чаир уште од самиот почеток беше во солидно водство. Со головите на Филипоска, Дукоска и Ѓеоргиевска, Чаир имаше предност од 6:3, а по 15. минути игра резултатот беше 11:6 во корист за екипата на Чаир.

Разликата постепено се зголемуваше за поискусната екипа, а по 30. минути игра, Чаир замина со голема предност од 26:14.

Второто полувреме беше само формалност и шанса за докажување на другите ракометарки од клупата на двете екипи. Водството од првиот дел, ракометарките на Чаир рутински го одржуваа до последната секунда и заслужено се радуваа на освоените бодови.

ФЕНИКС АМС – ЧАИР СКОПЈЕ  36:47 (14:26)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Викторија Прентоска и Наташа Глигороска од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ФЕНИКС АМС: Рујановска 4, Пашиќ 1, Јанкуловска, Лазаревска 2, Богоеска, Шиниковска 2, Талева, Корлевска 7, Илиевска 5, Ризоска 15, Кокиноска, Анчевска, Стојановска.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 6 мин.

ЧАИР СКОПЈЕ: Којовиќ, Сали, Буразер, Бакиќ 1, Божиновска 4, Рахмани 6, Рамуко, Гулицоска 7, Реџеп 3, Ѓеоргиевска 6, Алексоска 8, Дамчевска 4, Петковска 1, Филипоска 2, Дукоска 5.

Седмерци: 7/8, Исклучувања: 8 мин.