Вори го „победи“ Зорман, Загреб подобар од Тримо

Хрватскиот шампион Загреб по триумфот на Нексе Нашице и поразот од Горење, забележа победа во третиот пријателски натпревар.

„Плинарите“ беа подобри од словенечкиот тим Тримо Требње со 31-30, а тоа беше пресметка и помеѓу двете играчки легенди кои започнаа самостојна тренерска кариера – Игор Вори и Урош Зорман.

На пауза домашните водеа со 18-16, во вториот дел имаа и четири плус, но во самиот финиш мораа да се спасуваат од пресврт и едвај дојдоа до минимална победа.

Најдобри стрелци во хрватскиот првак Филип Вистороп и Матеј Хрстиќ со по пет погодоци, додека кај Тримо Требње се истакна Цирар со шест голови.