„Влеговме лошо во мечот, но потоа работите си дојдоа на свое место“

Ракометарите на Вардар прославија уште една победа против Војводина во четвртфиналето на СЕХА лигата, 32-26.

Асистентот на Владо Недановски на вардаровата клупа, Стојан Петрушевски, вели дека по лошиот старт, работите си дојдоа на свое место.

„Не влеговме во мечот доволно агресивно. Нашиот тим беше опуштен, но секако тоа не ја намалува вредноста на добрата игра на Војводина од првиот дел. Потоа работите си дојдоа на свое место. Честитки за Војводина, која покажа дека има одлична иднина, кој ќе направи добри резултати. Ние го очекуваме дуелот со Мешков Брест и нашата цел ќе биде Ф4 во СЕХА“, вели Петрушевски.

Средниот бек Мартин Карапалевски смета дека пресуди подолгата клупа.

„Игравме лошо во првиот дел. Особено во првите десетина минути како да не бевме на теренот. Честитки за ривалот бидејќи играат брзо и добро. На паузата од полувремето си рековме дека мора да играме поорганизирано. Нашата подолга клупа и искуство пресудија. Ќе се обидеме да стигнеме до финале на СЕХА“, вели Карапалевски.

Допрва треба да биде познато дали Вардар ќе вкрсти со Мешков Брест во елиминациите по дивизии за место на Ф4 или ќе игра директно на завршниот турнир во дивизијата „Југ“.

Георгиевски со десетка против Војводина, Вардар се враќа на Ф4 во СЕХА!