Вклучен е алармот: Фленсбург го бара најдобриот играч од Олимписките игри

Германскиот Фленсбург има лош старт на сезоната во Бундес лигата и во Лигата на шампионите со два порази.

По загубените дуели од Барса во ЛШ и со Кил во домашниот шампионат, беше вклучено “црвеното светло” во клубот.

Раководството реши да побара нови ракометари и по повредите на Магнус Род и Франц Цемпер, па прв пик е данскиот репрезентативен десен бек, Матијас Гидсел.

Тој има договор со Фуксе Берлин од следното лето, но веројатно уште оваа сезона ќе се пресели во Германија и ќе ја доигра сезонава во Бундес лигата.

Неговиот актуелен клуб ГОГ Гудме нема толку високи амбиции како ланската сезона, па најкорисниот играч од Олимписките игри во Токио, би можел да биде ослободен од обврските.