Висла Плоцк на шопинг во Веспрем

Полскиот вицешампион Висла Плоцк за наредната сезона планира да го врати младиот ракометар од Унгарија, Зоран Илиќ. И двете страни се на добар пат да постигнат договор на две години.

18-годишниот ракометар на Веспрем беше на позајмица во Висла Плоцк, но одигра само една полусезона и потоа во јануари се врати во Веспрем да го заврши своето образование.

Илиќ во дресот на Висла Плоцк се покажа во солидно светло, а раководството на клубот овој пат е решено целосно да го присвои од унгарскиот шампион, пишува „Спортове Факти“.

Веспрем на позицијата десен бек ги има Хорхе Македа и Јахија Омар и во конкуренција со нив, Илиќ нема никакви шанси за добра минутажа во сезоната што следува.

Во Висла Плоцк следната сезона ќе пристигнат и новите ракометари, Адмир Ахметашевиќ, Сергеј Косоротов и Дмитри Житников.