Висла Плоцк го формира тимот, продолжи договори со уште двајца играчи

Екипата на Висла Плоцк го гради тимот за следната сезона и за таа цел веќе ги обнови договорите на двајца членои.

Соработката со тимот на Висла Плоцк ја продолжија интернационалците од Хрватска, Ловро Михиќ и Леон Шушња.

„Договорот со Ловро е подготвен вече подолго време, но од формални причини сега можеме само да го потврдиме неговото потпишување. Продолжувањето на овој договор гарантира стабилизирање и одржување на костурот на овој тим“, вели претседателот на клубот, Роберт Цвартек.

За разлика од Михиќ кој во Висла е од 2016 година, Леон Шушња дјде во тимот од Полска во 2019 година, но и тој веќе доби можност да го продолжи својот претстој. Во клубот се задоволни од неговата игра особено во одбраната каде што се промовираше како еден од клучните ракометари и затоа ова му е одлична шанса да продолжи да се покажува во најдобро издание.

И Михиќ и Шушња ги продолжија договорите до 30 јуни во 2023 година.