Висла е упорна – ќе плати 100.000 евра за младиот Хрват!

Екипата на полскиот вицешампион, Висла Плоцк беше упорна во своите редови да го донесе репрезентативецот на Хрватска, Тин Лучин.

Членот на Адемар Леон и минатата сезона беше желба на Висла Плоцк, но клубот од Полска поради високата оштета не можеше да го оствари трансферот.

Според „Lanuevacronica“, Адемар Леон и Висла Плоцк очигледно најдоа заеднички јазик и трансферот на средниот бек во полскиот вицешампион веројатно ќе се реализира. Но, полскиот тим ќе мора да плати 100.000 евра оштета за Хрватот бидејќи тој има договор со Адемар Леон уште една сезона.

Младиот ракометар од Хрватска во 2019 година пристигна во Адемар Леон, а претходно настапуваше за клубовите на Замет, Загреб и Козала Риека.

Освен Тин Лучин, шпанскиот тим ќе го напушти и Натан Суарез кој ќе се пресели во Спортинг Лисабон од Португалија.