Висла во силен ритам, прелесно до триумф против Бидасоа

Ракометарите на Висла Плоцк дојдоа до лесна победа на заостанатиот натпревар од Групата А против Бидасоа Ирун со 33:26.

Домашните имаа убедлива игра при која уште во првите 30 минути дојдоа до предност од пет гола и на одмор заминаа со 19:14. Овие пет гола беа зачувани и во продолжение и уште повеќе зголемени така што на крајот од средбата екипата на Висла Плоцк се избори за два бода со кои се зацврсти при врвот на табелата во Групата А.

Со конечните 33:26, Висла дојде до петтиот триумф, а до комплетирањето на натпреварите од Групата А останува уште еден натпревар, на кој Фади Винтертур треба да го пречека Фуксе Берлин. За оваа средба засега нема датум.

Прв стрелец  на Висла во победата над Бидасоа беше Тин Лучон со седум гола, а по пет имаа Шпанците Фернандез и Гунтин.Во тимот на Бидасоа девет гола имаше Јон Азку Саизар.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ГЕПИНГЕН1080216
2КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН1070314
3БЕНФИКА104068
4ТАТРАН102084
5ФЕЈЕР102084