Вилербан означи старт на подготовките, пристигна и Дупјачанец (ФОТО)

Искусниот голман од Македонија, Даниел Дупјачанец ја започна француската авантура, откако со неговиот нов клуб, Вилербан означија старт на подготовките за новата сезона, 2022/23.

Тренерот на Вилербан, Семир Зузо на првиот ден им ги претстави целите и очекувањата на неговите избраници. Ракометарите на францускиот второлигаш пред почетокот на домашното првенство ќе имаат настап во рамки од Купот на Франција.

Дупјачанец со неговите нови колеги на 6 септември пред своите навивачи ќе играат против составот на Кретеј во францускиот Куп.

Вилербан за Дупјачанец ќе биде шести клуб во неговата интернационална кариера. Голманот кој е по потекло од Прилеп, настапуваше за екипите на Алуминиум Арак од Иран, косовските Беса и Приштина, швајцарски Кадетен Шафхаузен, а последен странски клуб за 39-годишниот голман беше полскиот суперлигаш, Азоти Пулави.

Во Македонија беше дел од Тутунски комбинат, Младост Богданци, како и од Металург. Токму со екипата на Металург во 2019 година го освои Куп трофејот на Македонија.