Виктор Петковски си замина од Куманово

По тренерот Љубиша Димковски, од тимот на Куманово си замина и еден од играчите кој подолго време го носеше дресот на овој клуб.

Станува збор за десниот бек Виктор Петковски, кој имаше голема улога во обезбедувањето пласман во Суперлигата минатата сезона.

Петковски и оваа сезона имаше солидни партии, но патиштата со Куманово им се раздвоија и сега секој продолжува на своја страна.

Десниот бек играше за Вардар, Металург и Јуниор Кисела Вода, а беше дел и од младинските селекции на Македонија.