Виктор Гигов е како виното – ја заврши сезоната со одличен процент на одбрани! (ФОТО)

Искусниот голман Виктор Гигов и на 42 години може да се пофали со одлични бројки, иако настапува во неатрактивното турско првенство.

Велешанецот е како дома во Турција, со оглед на тоа што долги години брани таму, а сезонава со Анталијаспор стигна до четвртото место на табелата, пред федерацијата да означи крај на првенството.

Гигов и неговиот колега од голманската позиција примија најмалку голови во лигата, 345, а нашиот интернационалец имаше 34,5 проценти на одбранети удари. Чуварот на мрежата следната сезона ќе игра во ЕХФ Купот со Анталија.

Гигов претходно бранеше за Борец и Младост Богданци во Македонија, за хрватската Цриквеница, Короса од Јужна Кореја, исландскиот ИБВ, грчкиот Аполон Каламарија како и турските Мерсин, Кајсери и Селкаспор.