Виборг ќе биде домаќин на Ф4 во Лигата на Европа, познати полуфиналните двојки

Завршниот турнир во женската Лига на Европа ќе се одржи во Данска, каде домаќин ќе биде некогашниот европски шампион Виборг.

Покрај домаќинот, на завршниот турнир ќе играат и романскиот тим Баја Маре, германскиот Битигхајм, како и данскиот Хернинг Икаст.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 14 мај, додека мечот за третото место и финалетo ќе се одиграат на 15 мај.

Бранителот на титулата од минатата сезона, францускиот Нант, беше елиминиран уште по групната фаза.

Лига на Европа, Ф4, полуфинале:

Виборг – Баја Маре
Хернинг Икаст – Битигхајм