Вецлар и Миркуловски без сензација против Мелсунген

Во рамките од 27. коло од Бундес лигата, Мелсунген на свој терен го доби дербито против Вецлар со два разлика, 30:28.

Домашната екипа во текот на целиот натпревар беше во предност и не дозволи да ги испушти бодовите. На полувреме, Мелсунген имаше предност од 17:15.

Екипата на Вецлар намали на еден негатива во последната минута, но Каи Хафнер на неколку секунди пред крајот постигна гол за сигурна победа.

Репрезентативецот на Македонија, Филип Миркуловски на овој натпревар постигна два гола.

Вецлар се оддалечи од најдобрите седум екипи во Бундес лигата и моментално се наоѓа на 9. позиција на табелата.