Ветеранот по вторпат се збогуваше со националниот тим, овој пат е дефинитивно збогум

Селекцијата на Германија вчера го заврши настапот на Европското првенство со освојувањето на 4. место во Групата 2 и тоа ќе биде доволно за 7. или 8. позиција на крајот од шампионатот. На ова првенство селекторот Алфред Гисласон мораше да повикува дополнително нови ракометари бидејќи се соочи со проблеми поради позитивните тестови.

Еден од играчите кои дојдоа дополнително беше и искусниот голман, Јоханес Битер кој во август минатата година кажа збогум на настапите во националниот тим.

„Минатото лето донесов одлука дека е готово со моите насапи за националниот тим. Ојдов да помогнам, но ова е последен пат. Не очекувам дека уште еднаш може да се случи да има ваков ‘луд’ турнир“, коментира Битер кој има 174 настапи за репрезентацијата на Германија.

Битер го освои Мундијалот во 2007 година со селекцијата на Германија, а на овој шампионат дојде откако репрезентацијата остана без голмани. Имаше успешност на одбранети удари од 23,48 проценти.