Ветераните ќе играат во чест на Тоше Проески

Регионално пријателство преку ракометот продолжува со нов меморијален турнир на ветерани и ветеранки овојпат во Струга.

Пред повеќе од деценија почна како собирање на ветарните и одигрување на пријателски средби, а сега веќе таа репрезентација организира и турнир „Тоше Проески“ што викендов ќе се одржи во Струга. Истиот ќе биде во машка и женска конкуренција. Ќе се игра утре и во сабота.

Интернационалниот ракометен турнир за ветерани ќе одлична можност за дружење и евоцирање на спомени на големи ракометни имиња од регионот, а ќе биде посветен на најголемото музичко име од Македонија, Тоше Проески.

Најавени се екипи од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Натпреварите започнуваа од петок (7.10.2022) во 11 часот со дуелот меѓу машките екипи на ветераните од Велес и Нови Сад, а првиот натпреварувачки ден ќе го затворат екипите на БАСК и Прилеп кои својот дуел го започнуваат на програмата од 16 часот. Свеченото отворање на турнирот е закажано за 14:30 часот. Во сабота ќе се одиграат полуфиналните дуели и финалето, а ракометната програма започнува од 11 часот.

Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат ветеранките од Струга, Прилеп и Гевгелија од Македонија, како и Панчево, Пула и Фрајле од регионот. Кај ветераните Македонија ќе ја претставуваат Велес, Куманово, Прилеп и ЗРВРМ, а Студентски град, Нови Сад, Рума и Тузла од регионот.

Пораката е јасна: Како што некогаш Тоше ги обединуваше балканските народи така да продолжи ракометот и ракометните дружења.