Веспрем ќе остане без клупската икона – Лекаи се сели во Висла Плоцк?

Средниот бек Мате Лекаи, кој долги години го носи дресот на унгарскиот Веспрем, би можел да се пресели во Висла Плоцк.

Полскиот „Спортове Факти“ ја најави можност Лекаи да се пресели во полскиот вицепрвак, кој на средната бековска позиција ги има Дмитри Житњиков и Герго Фазекаш.

Долго време од терените ќе биде отсутен Нико Миндегиа, па Лекаи би се вклопил одлично во плановите на Хавиер Сабате, кој соработуваше со него во Веспрем и во унгарската селекција.

Лекаи има договор со Веспрем до 2023 година, но тогаш во клубот доаѓа Аугустин Касадо, ова лето доаѓа Јахја Елдера, па можеби тоа значи дека унгарскиот тим полека се откажува од неговите услуги.

Покрај за Веспрем, Лекаи има настапувано за ПИК Сегед и Целје.