Веспрем шокиран од Балатонфуреди, Илиќ дебитираше со пораз

Ракометарите на Веспрем го одиграа првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.

Без Штрлек и Лауге, избраниците на Момир Илиќ, Веспрем загубија од незгодниот состав на Балатонфуреди со 32-31.

Манасков постигна четири гола од шест обиди, додека најефикасен беше Петар Ненадиќ со девет погодоци.

Следен предизвик за Веспрем ќе биде осминафиналниот двомеч од СЕХА лигата против хрватскиот Нексе.