Веспрем се збогуваше со четворица ракометари

Унгарскиот првак Веспрем, кој ја доби финалната серија против ПИК Сегед со 2-1 во победи, се збогуваше со четворица ракометари.

Капитенот Расмус Лауге се враќа во татковината и ќе го носи дресот на Силкеборг, додека десниот бек Зоран Илиќ оди во бундеслигашот Хамбург.

Кружниот напаѓач Адриан Сипос исто така ќе игра во Бундес лигата, во дресот на Мелсунген, а левото крило Мануел Штрлек се враќа дома и ќе игра за Нексе Нашице.

Покрај овие четворица, средниот бек Петер Лукач оди во норвешкиот вицепрвак Елверум на позајмица.

Петте засилувања се одамна промовирани. Во Веспрем доаѓаат Уго Деска, Лудовик Фабрегас, Лукас Сандел, Аугустин Касадо и Сергеј Марк Косоротов.