Веспрем преку Сегед до четвртфинале во Лигата на шампиони

Веспрем уште еднаш го нокаутираше Пик Сегед откако славеше и во вториот дуел од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите со 38-33 (17-16). После поразот од 13 голови пред домашните навивачи Пик Сегед играше да ја поправи сликата која ја остави минатата недела, иако имаше свои минути и во одреден период предност, беше далеку од некакво изненадување на овој дуел.
За разлика од дуелот во Сегед, гостите први го отворија резултатот, но краток период требаше за Веспрем да го преземе водството и контролата врз резултатот. Во средината на првиот дел избраниците на Момир Илиќ имаа и четири голови предност. Но најчесто разликата се движеше од гол до два позитива за Веспрем. Со гол негатива за Сегед се завршија и првите триесет минути за конечни 17-16. Лоша слика за домашните фанови беше повредата на десниот бек Недим Ремили кој во еден дуел го повреди скочниот зглоб.

На почетокот на вториот дел Сегед создаде два гола предност. Која на радост на домашните фанови траеше кратко. Добра одбрана, расположениот Лауге и брзи голови од транзиција создадоа серија од 4-0 за Веспрем.
Слично како и во првото полувреме, точно на средината на второто Веспрем ја врати највисоката предност, а до 47. минута Веспрем имаше “плус шест”, 29-23. Највисоките “плус осум” Веспрем ги создаде во 53 минута. Унгарскиот шампион Сегед намали дел од високата разлика за конечни 38-33.
Лауге Шмид ја предводеше листата стрелци кај Веспрем со 9 голови, Маргуч постигна 7, а Штрлек 5. Гарсијандија за Сегед постигна 10 голови, го следеше Радивојевиќ со 6 погодоци.
Веспрем во четвртфиналето ќе се соочи со Келце