Веспрем му набива комплекс на ПИК Сегед, се израдува на трофеј во унгарскиот Куп

Тимот на Веспрем го забележа четвртиот триумф по ред оваа сезона над големиот ривал ПИК Сегед.

Момците на Момир Илиќ го освоија трофејот во Купот на Унгарија, откако го победија ПИК Сегед во финалниот меч со 35-32.

За разлика од претходните средби во шампионатот и во Лигата на шампионите, овојпат ПИК Сегед беше подобар, но не толку многу да може да се надева на победа.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Расмус Лауге со десет гола и Гашпер Маргуч со шест, додека кај ПИК Сегед најдобар беше Мачковшек со осум погодоци.

На трофејот во Купот на Унгарија се израдува и еден Македонец, станува збор за физиотерапевтот Димитар Маневски, кој веќе трета сезона е дел од Веспрем.