Веспрем и Мешков поставуваат услови – за да играат во СЕХА, сакаат директно место во четвртфинале!

Унгарскиот Веспрем и белорускиот Мешков Брест побарале од раководството на регионалната СЕХА лига да го прескокнат регуларниот дел од ова натпреварување во новата сезона.

Поради сложената ситуација насекаде низ Европа, лошите конекции во време на пандемија, раководствата на двата тима не сакаат да играат во регуларниот дел, пишува рускиот „Брз Центар“.

За да се случи тоа и овие два тима да ја добијат таквата привилегија, треба да се добие согласност од сите останати учесници во лигата, која од 12 екипи минатата година, сезонава ќе се намали за најмалку две.

Веспрем и Мешков Брест настапуваат во домашните првенства и во Лигата на шампионите, календарот им е набиен, па и тоа е една од причините за ваквото барање.

Стартот на регуларниот дел беше најавен за 10 октомври, но се чини дека повторно ќе биде поместен почетокот на новата сезона.

СЕХА останува без два тима – нема да играат Веспрем и Мешков Брест!