Веспрем и Манасков со убедлив триумф во Купот се загреаja за Вардар

Дејан Манасков и неговиот Веспрем забележаа лесна и убедлива победа во четвртфиналето од Купот на Унгарија откако ја совладаа екипата на Ференцварош со високи 42:30.

Веспрем доминираше во поголемиот дел од натпреварот и повеќе од заслужено триумфираше. Уште по првиот дел Манасков и колегите обезбедија доволна предност за конечен триумф кога водеа со 22:15

Вториот дел беше формалност, Веспрем одигра рутински за сигурна победа и пласман на завршниот турнир во Купот на Унгарија. Овој натпревар за избраниците на Давид Дејвис беше последна проверка пред дуелот со Вардар во Лигата на шампионите.

Дејан Манасков имаше уште едно добро издание за својот тим, тој натпреварот го заврши со четири погодоци, а најефикасни во составот на Веспрем беа Благотиншек и Шишкарев со по шест гола.