Веспрем испадна од ЛШ, сега ќе се посвети на ПИК Сегед

Во унгарскиот шампионат, Веспрем има голема предност на табелата во регуларниот дел во однос на останатите противници.

Второто место ќе го освои составот на ПИК Сегед. За третото место нема да има мирна завршница бидејќи, Татабања има само два бода предност пред Балатонфуреди.

Според системот на натпреварување во Унгарија, двете првопласирани екипи играат плеј-оф натпревари за титулата.

Ракометната федерација на Унгарија ги објави датумите за последните пресметки помеѓу вечните ривали, Веспрем и ПИК Сегед.

На првиот натпревар, ПИК Сегед ќе биде домаќин, а датумот е 2 јуни. Веспрем ќе биде домаќин на тимот од Сегед на 5 јуни. Саатницата за двата натпревари ќе биде позната во наредните денови.