Веспрем го суспендира Вуко Борозан?!

Според неофицијални информации што доаѓаат од Унгарија, левиот бек Вуко Борозан е суспендиран од страна на Веспрем.

Тој не беше во составот на Веспрем на последните три меча, меѓу кои и вчерашниот од финалето со ПИК Сегед.

„Handball expert“ тврди дека тој е под суспензија и дека би можел да биде ослободен од обврските, со оглед на тоа што е најплатен играч на Веспрем, но нема повеќе детали за овој случај.

Тој дојде во унгарскиот првак од Вардар, каде што исто така не го заврши својот престој на убав начин.

Веспрем не успеа да се пласира на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а би можел да ја загуби и титулата. Реваншот со ПИК Сегед се игра в сабота, на кој Веспрем ќе мора да брка три гола негатива.