Веспрем го отпушти во петокот, сега е пред потпис со Кил

Поранешниот ракометар на Вардар, Данил Шишкарев во петокот ја заврши својата „авантура“ во редовите на Веспрем, а сега неговото име веќе е поврзано со трансфер во нов голем клуб.

За услугите на Шишкарев постои заинтересираност од Кил, а шампионот на Германија со него би добил на искуство, но и играч кој зад себе има титули во Лигата на шампионите.

Шишкарев беше дел од шампионската генерација на Вардар со која „црвено-црните“ успеаја да стигнат до трофејот во 2017 и 2019 година.Тој претходно во кариерата го носеше дресот и на тимоите на Динамо Астрахан и Чеховски медведи.