Веспрем без Маргуч, Лекаи, Маркусен…Вардар без Талески и Кантегрел (ФОТО)

Европската ракометна федерација ги објави составите за реванш дуелот од осминафиналето на ЛШ меѓу Веспрем и Вардар.

Во составот на Вардар ќе има 15 играчи, а во споредба со првиот меч отсуствува Робен Кантегрел. На негово место е Марко Кизиќ, додека во составот не е ниту левиот бек Филип Талески.

Стратегот на Веспрем, Давид Дејвис, реши за овој меч да не ги пријави левиот бек Николај Маркусен, десното крило Гашпер Маргуч и средниот бек Мате Лекаи.

На нивно место во ростерот се Петер Лукач, Кентан Мае и Хорхе Македа.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра вечерва во „Веспрем Арена“ со почеток во 18:45 часот.