Вардар тргна со 0:6 против Мотор, на полувреме има седум негатива

Ракомеарите на Вардар имаа тежок старт на средбата против Мотор во Запорожје во рамки на СЕХА лигата, а после првите 30 минути имаат негатива од седум гола и резултат од 9:16.

Од почетокот на средбата тимот на Вардар го имаше најлошото отворање на еден натпревар без разлика на натпреварувањето. Мечот тргна со 0:6, а за првиот гол се чекаше до 11. минута кога Тимур Дибиров успеа да реализира.

Иако беше постигнат прв гол доцна немаше ништо ново во поглед на играта. Вардар продолжи со грешките, а Мотор имаше целосна контрола и продолжи да ја зголемува предноста.

Стевче Алушовски немаше избор и мораше да повика рано тајм-аут, а и правото на вториот тајм-аут го искористи уште во првото полувреме и тоа после 22-23 минути игра. Во ова време предноста беше осум гола бидејќи Мотор успеа да стигне да поведе со 13:5 и веќе беше јасно дека нема да има многу подобрување.

Сите обиди да се дојде до подобар резултат до крајот на првото полувреме не дадоа премногу. Мотор успеа да се одржу на висок плус и да оди на одмор мирно така што ќе може да се очекува вториот дел позитивно. За вардарци ќе биде многу тешко бидејќи ќе тргнат во продолжението од средбата со резултат од 9:16.

Во првите 30 минути најефикасен во Вардар со четири гола е Шеваљевиќ, по два имаат Димитриоски и Дибиров, а еден гол постигна Векиќ. Најефикасен во редовите на Мотор е Иван Бурзак со четири гола.