Вардар со гол негатива на одмор против Порто

Ракометарите на Вардар одиграа добро прво полувреме, но на одмор имаат негатива од еден погодок и резултат од 10:11. Имаше неколку шанси за израмнување пред заминување на пауза, но не беа искористени, па Порто има мала предност пред почетокот на второто полувреме.

Вардар тргна одлично во натпреварот. Алушовски одлучи и на оваа средба да почне со Марко Кизиќ на голот, кој почна да блеска од првата минута и да покажува дека Вардар има одлична иднина на голманската позиција. Сепак, на ова одговори и голманот на Порто, Кинтана кој исто така бранеше во добра форма од стартот.

За осум минути игра, Вардар имаше 3:1. Малкуте голови се должеа на одбраните на голманите. Сепак, дојде криза во нападот на вардарци, па Порто со 4:0 за шест минути го сврте натпреварот во своја корист.

Оваа предност на Порто траеше и во следните неколку минути. Беше тешко да се врати резултатот во корист на „црвено-црните“, но сосема јасно беше дека ова ќе биде интересен дуел во кој ќе има што да се види и во продолжение.

На средина од првото полувреме, Порто стигна до 7:4, а овие три гола разлика ги одржуваше до 23. минута кога беше 10:7. Имаше ризик со играње 7:6, па на моменти тоа даваше резултат, но имаше моменти кога Порто лесно доаѓаше до погодок. Во 26. минута дојде до доближување на гол негатива, од 9:10, но не беше искористена шанса за ново израмнување.

До крајот имаше уште по еден гол, па на одмор резултатот е 11:10 во корист на тимот на Порто. Кизиќ беше одличен со девет интервенции, а Шишкарев е прв стрелец со четири гола. Скубе и Горбок погодија по двапати, додека еден гол реализираше Стоилов.